Град Скопје објави Јавен повик: Културата од центарот кон периферијата

Со цел да се обезбеди деконцентрација и децентрализација на културата од центарот на Скопје кон периферните делови на градот, и при тоа да се прошири за да се збогати и раздвижи културната понуда во главниот град, Градот Скопје распиша Јавен повик за финансирање на програми и проекти од областа на културата во рамките на програмската активност „Од центарот кон периферијата: Културата како алатка за социјален развој” за 2019 година.

– На Јавниот повик имаат право да учествуваат правни лица и тоа: установи од областа на културата, здруженија на граѓани и фондации, како и други правни лица што вршат дејности од областа на културата во согласност со Законот за културата и другите позитивни законски прописи во Република Македонија – информираат од Град Скопје.