Македонското овчарко куче Караман дотира со векови на назад и се претпоставува дека истата раса потекнува од планината Бистра. Караман е најголемиот заштитник на македонските стада. Оваа раса претставува симбол на македонските бачила.
Кинолошкиот клуб "Македонско овчарско куче Карама" во чест на заштитникот на македонските планини е во подготовка на осмата државна изложба наменета токму за оваа раса.
Поради тоа сите заинтересирани љубители, сопственици и подржувачи на оваа раса се поканети да учествуваат на "Осмата државна изложба за Македонското овчарско куче – Караман" на 9 април 2017 година во Градскиот парк во Скопје со почеток во 12:00 часот.
Судија кој е предвиден за настанот е Миле Алексоски
Земете активно учество на настанот и уживајте во друштво на прекрасниот македонски заштитник.