Меѓународна изложба на олдтајмери утре во Скопје

Меѓународна изложба на олдтајмери ќе се одржи утре од 9 до 17 часот на улицата „Михаил Цоков“ до општина Центар, во организација на „Олдтајмер Клуб Класик АВЈ“ - Скопје. 

Поради одржувањето на манифестацијата ќе бидат воведени мерки за посебен сообраќаен режим во близина на оваа сообраќајница.