Околу 40.000 граѓани биле избришани од Избирачкиот список поради разни причини

Од 30.000 до 40.000 граѓани биле избришани од Избирачки список поради разни причини, соопшти Зоран Билбиловски, државен советник од канцеларијата на Народниот правобранител на денешниот брифинг со медиумите.

– Не е мала бројка. Апелираме доколку има сега избори ДИК соодветно да ги информира и да им каже на граѓаните кои се избришани од список. Да ги извести и да им кажат доколку сакаат да гласаат што треба да сторат – вели Билбиловски.

Лицата биле избришани од Избирачкиот список поради вадење нови лични карти или истечени лични карти.

Билбиловски вели дека 30 до 50 отсто од лицата кои се во затвор или во притвор не можеле да гласаат поради тоа што ги немало на Избирачкиот список.