Охриѓани против скопјани: Домаќините негодуваат, а живеат од скопските туристи

„Непријателството“ меѓу скопјани и охриѓани се чини продолжува и натаму, а доказ за тоа е што и оваа летна сезона охриѓани наоѓаат низа забелешки за скопските туристи во нивниот град. 

На Фејсбук се активираше групата „Охриѓани“ каде граѓаните споделуваат за случувањата во градот, а меѓу забелешките, речиси секоја втора е упатена кон како што ги нарекуваат тие - „Скопјанишчава“. 

Негодувањата во најголем дел се поради непрописно паркирање, гужва, но и оштетување на урбаната опрема во градот. 

Во овие неколку објави може очигледно да се забележи дека скопјани се први на удар на домаќините-охриѓани: 

Се објавуваат фотографии на кои може да се забележи дека автомобили со скопски регистарски таблици непрописно паркираат и го узрупираат градот!

 - Не се виновни "Скопјанишчата",туку нефункционалноста на СВР Охрид! По една функционална белешка под брисачот да видите како се спроведува функционални тротоари за пешаци и колички со бебиња, вели еден граѓанин во коментарите под овие објави кои кои се бара „правдина“. 

За нападите и критиките, коментар стигна и во одбрана на скопјани:

- Голем комплекс имате од Скопјани, секој втор статус вие против нив?! Тие нели придонесуваат со плаќањето на даноци и трошењето на целата годишна заштеда која ја трошат на 10/14 дневен одмор?! Тие станови и куќи кои ги плаќаат по цени како да се во Монако, нели сте задоволни од нив? Па кој да ви доаѓа ако не Скопјани бре, Албанци, Турци, Египјани, Бугари и Срби ли се подобри да ви купат станови и да се населат? Вие од што толку го сакате ОхриТ ви никна Минаре 33 метри на сред чаршија и Нефи шерифот од Струга дојде на сред Чинар си загради 1000 квадрата ресторант со тераса, тоа не ли ви смета? Или Скопјани и затоа ви се криви? Море од злоба сме доведени на ова дереџе, Албанците направија 4 држави на Балканот, а вие уште се делите на Охриѓани и Скопјани, Леви и Десни, за Звезда или Партизан… А бре Македонче!