Мала фирма од Охрид го уплати целиот износ за лекување на малата Светлана

OhridPress пред неколку дена објави апел за помош на малата Светлана за чија операција, која се потребни 1.000 евра. Се апелираше до хуманиот народ на Македонија да му помогне на ова девојче

„Драги сограѓани и хуман народ на Македонија, потребни се 1.000 евра за Светлана, за операција на вратната кичма во болницата „Систина“. Да му помогнеме на ова девојче да има детство како сите други деца, стоеше во апелот“.

Веднаш штом се објави овој апел за малата Светлана помала фирма од Охрид го уплати целиот износ за лекување на девојчето, со што се собраа потребните средства.

На малото девојче му посакуваме побрзо да оздрави и што поскоро да им се придружи на нејзините другарчиња, а народот во Македонија уште еднаш покажа и докажа дека знае да помага кога е најтешко