Поради заматеност водата во Охрид се забранува за пиење и миење

Поради настанат голем дефект во водоводната мрежа Јавното претпријатие водовод Охрид донесе мерка со која се забранува водата да се користи за пиење и миење. Дел од булеварот Туристичка е затворен за сообраќај а екипите на водовод работат на санирање на дефектот.

- “Поради настанат дефект на водоводната мрежа на кружниот тек кај бензиската пумпа Макпетрол– Билјанини извори и појава на зголемена матност во водата за пиење во одредени делови од градот, времено се забранува за пиење и миење водата од централниот систем за водоснабдување на градот Охрид, се додека не се излезе со ново соопштение после санирање на настанатиот дефект“, информира ЈП Водовод.