Огромен стаорец се шета низ Клиниката за кардиологија

Видео со оромен стаорец како се шета низ Клиниката за кардилогија беше објавено на социјалната мрежа Твитер. На видеото може да се забележи како стаорецот поминува веднаш под нозете на пациентите кои чекаат за преглед.

Авторот на видеото Мартин Ефремов вели дека ние како држава даваме 250 милиони за нови хеликоптери, а немаме пари за нов клинички центар.

„Македонија, држава која има 250 милиони евра за нови хеликоптери, а нема 72 милиони евра за нов клинички центар. Во меѓувреме на кардиологија“... се вели во твитот