Одржан првиот час на отворено во новата Еко Училница во Кучково

Одржан првиот час во природа со учениците од петто одделение од ООУ Јоаким Крчовски на локација кај новата Еко Училница. Новите содржини ги доближуваат децата до природата и овозможуваат поинаков пристап кон изучување на природните науки, сподели градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски. 

Еко Училницата е во рамки на локалитетот „Крст“ во Кучково, во скопско Ѓорче. Ова место од неодамна доби комплетно нов лик. 

- Населеното место Кучково во изминатата година преку реализација на повеќе проекти доби целосно нов современ и урбан лик и стана атракција за скопјани, посочи првиот човек на општината.