Денеска се чисти на локалитетот „Крст“ во Кучково

Во рамки на акцијата „Генералка викенд“ која се реализира и во скопската општина Ѓорче Петров, денеска се чисти на локалитет „Крст“ во Кучково.

Инаку овој локалитет наскоро ќе добие амфитеатар, пешачки патеки, канделабри, хортикултурно уредување со цел  да стане место кое ќе може да се користи за едукативни и културни настани, но и за туристички цели. 

Вчера во Ѓорче Петров успешно беше реализиран првиот ден од еко-акцијата.