Од стара железничка до стара чаршија, стотина скопјани на бесплатна тура слушаа за историјата на Скопје

Од старата скопска железничка до старата скопска чаршија- стотина скопјани ги шетаа историските знаменитости низ главниот град, на бесплатната тура по повод Светскиот ден на туристичките водичи. Иако се скопјани, велат никогаш не можеш да знаеш се за Скопје. Преку турата велат секогаш учат нешто ново за градот, но и како да го претстават кога ќе имаат гости од странство.

Покрај скопјани, туристичките водичи велат, имаат полни раце работа со странците. Скопје е атрактивна локација за туистите и иако се е достапно на социјалните мрежи, тие бараат водичи за да ги водат низ историјата на градот.

Горлив проблем со години во оваа индустрија велат се, туристичките водичи од другите земји кои доаѓаат и раскажуваат за историјата на градот, но и оние кои се без лиценца.

Галичник и Галичица не е исто, вели претседателот на асоцијацијата на туристички водичи, присетувајќи се на случка, кога некој негов колега не ги распознавал двата поими.

Бесплатини тури за светскиот ден на туристичките водичи беа организирани и во Скопје и Битола.