Образовните асистени од Град Скопје прекинуваат со работа, немаат добиено пари за 2 месеца

Со допис до медиумите образовните асистенти на Град Скопје закажаа прес-конференција во 11 часот пред просториите на Градот каде велат дека веќе не можат да ги трпат лагите и манипулациите кои им се сервираат од страна на Град Скопје.

„Долг период средствата кои се наменети за нас во вид на надомест на средства за месечна работа доцнат по месец или два. Ние се обидуваме да стапиме во контакт со вработените и надлежните за овој нас проблем но бевме препраќани по секторите на Градот без никаква цел. По сето тоа пред еден месец се решиме на штрајк поради заостанати средства за месец јануари. Веднаш по нашиот допис до Градот бевме експрено повикани на состанок на кој беа присутни претставници од Градот. На тој состанок ни го објаснија проблемот кој гласеше дека Буџетот на Град Скопје за 2024 година сеуште не е изгласан  и за тоа се виновни партиските војници кои се препукуваат околу точките на секоја седница“ се вели во нивното соопштение

Од таму додаваат дека им било кажано дека веднаш штом ќе се изгласа буџетот веднаш ќе ги добијат парите. Буџетот се изгласал, па им било кажано дека треба да поминат уште 7 дена одлуката да помине во Службен весник и можат да очекуваат исплата на средствата

„Помина половина месец од тогаш, сеуште немаме добиени нити денар од Град Скопје.  Нас сите образовни асистени ќесно и навремено си ја работиме нашата работа. Извештаитеим се на време дадени за секој месец. Корисниците се презадоволни од нашата работа, а пари нема за нас! Прашуваме каде се парите кои чесно ги имаме заработени? А најважно од се овие пари се веќе однапред дадени од страна на UNDP, а не легнуваат на нашите сметки! Нема плата-нема работа“ стои во соопштението

Од таму посочуваат дека тие работат со  најранливата категорија на граѓани кои на крајот тие го трпат тоа. Проблем за нив претставува што меѓу нив има самохрани мајки на кои ова им е единствен приход и млади лица на кои им е прво работно искуство.