Облачно со повремен дожд, наместа со поројни врнежи

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни, особено во јужните делови каде што ќе имаат пороен карактер. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени, информираат од УХМР.

Во Скопје променливо облачно и релативно топло со повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне 15 степени.

До среда времето ќе биде променливо облачно и релативно топло со умерен ветер од јужен правец. Во среда кон крајот на денот и во четврток се очекуваат нови врнежи од дожд.

Утринава температурите се следниве: 1 Попова Шапка, 3 Маврови Анови, 4 Крушево, 6 Охрид, Претор, 7 Берово, Прилеп, 8 Тетово, Битола, 9 Крива Паланка, Струмица, Кавадарци, Куманово, Виница, 10 Скопје-Зајчев Рид, Демир Капија, Дебар, Штип, Гевгелија, 11 Велес, 12 Скопје-Петровец.