Нови столчиња, масички и играчки во градинката во Бутел

Нов инвентар и играчки во новата година во градинките во Бутел. 

- Децата се нашата иднина. Децата се причина за сета наша среќа, за сите наши насмевки. Затоа грижата за нив е секогаш посебен мотив! Продолжуваме со инвестициите во детските градинки со што се подигна квалитетот и условите во детската градинка. Општина Бутел вложува во подобрување на стандардот на образованието, при што посебно се води грижа за децата од преучилишна возраст, порача денеска градоначалникот на Бутел Дарко Костовски кој ја предаде инвестицијата. 

Најави дека наскоро започнуваат со еден од најголемите капитални проекти, а тоа е изградба на новата детска градинка во населеното место Бутел 2.

- Детскиот развој ни е врвен приоритет затоа и во иднина континуирано ќе вложуваме во градинките, дециден е Костовски.