Њоки со спанаќ: Готови за час, а се вкусни и меки

Време е за ручек па доколку не знаете што вкусно да зготвите денес имаме одлична идеја - њоки со спанаќ и зачини. Се прават брзо и лесно а сите ќе ги обожаваат!

Потребно е: 500 гр њоки, 300 гр спанаќ, 3 чешниња лук, 3 dl млеко, 40 g густина, 2 лажици масло, босилек, сол и бибер.

Подготовка: Гответе ги њоките во топла, солена вода. Потоа исцедете ги и чувајте ги на топло место до сервирање. Измијте го спанаќот и исечете го на јуфки, посолете го и оставете го да отстои 10 минути. На врело масло пропржете го спанаќот. Додадете сечкан лук, зачини, млеко и оставете да се вари уште пет минути. Смесата измешајте ја во малку вода, па додадете ја во спанаќот и оставете да се вари три минути. Во сосот ставете ги готовите њоки, измешајте и послужете.