Невремето откорна кров од зграда во Тафталиџе (видео)

Невреме проследено со град, дожд, силен ветер и електрични празнења вчера попладне зафати делови од Скопје, особено на територијата во Општина Карпош. 

Во Тафталиџе силниот ветер откорнал покрив од зграда.

„Од Е-112 добиена пријава дека поради силниот ветер од невремето, откорнат е кров од зграда и постои опасност да падне и да дојде до поголема штета. (Улица Женевска, Тафталиџе- Скопје)“, објави директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

Како што додаде, за состојбата информирани се Град Скопје и општина Карпош.