Од ЕВН Македонија информираат дека поради интервенции во елетричната мрежа утре и во понеделник без струја ќе останат неколку населени места од Скопје.
Утре (сабота) без електрична енергија ќе останат:
од 13.00 – 14.00 часот, корисниците од улиците – Александар Турунџиев, Ферид Бајрам од број 31 до 48, и Рокомија како и ОУ „Панајот Гиновски“ (општина Бутел);
Во понеделник без струја ќе останат:
во време од 08.30 до 12.30 часот, корисниците од дел од улица Никола Русински. (општина Карпош)
од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од улиците Рељо Шестокрило, Диме Мечето и Метохиска, (општина Шуто Оризари)
во период од 09.30 до 11.00, корисниците од село Идризово- бензиска пумпа на „ ЛукОил “, и викендиците,(општина Гази Баба),
од 11.30 до 14.00 часот, корисниците од село Ржаничино, фирмата „Кобу Продукт “. (општина Петровец).