Не прекинуваат превирањата во Левица- Аеродром, меѓусебни напади помеѓу сегашните и поранешните членови на партијата

Откако Жарко Масларковски вчера објави дека го прекинува членството во левица и дека во советот на општина Аеродром од сега ќе настапува како независен советник следуваше напад од неговата партија. Само неколку часови подоцна на социјалните мрежи се споделуваше фотографија каде Масларковски донирал сума на пари во 2017-тата година за политчката партија ВМРО-ДПМНЕ. Сите донации според законот за политички партии се отворени и јавно достапни за секој ама тоа не им пречело на членовите во Левица за да го кандидираат Масларковци за носител на нивната листа во општина Аеродром.

Но ни Масларковски не остана покус. Тој денес објави фотографија од последната порака што му ја испратиле на лидерот на Левица, Димитар Апасиев. На неа се гледа како го молат Апасиев да одвои време за нив на пет минути да седнат да направат разговор. До таков момент не дошло а тоа вчера го објави Масларковски каде вели дека немал контакт со лидерот Апасиев цели шест месеци.