Не памтам кога последен пат сум се насмеала...

Не памтам кога последен пат сум се насмеала. Искрено. Од срце. Дури и на глас.
Ако си ја слушнам насмевката од некаде, нема да ја препознаам. Е толку долго се немам слушнато себеси како се смеам.
А во последен период не се ни смешкам. Дури ни онака од култура.
Немам сила, немам волја.
Заборавив што е радост и смеа, работи без кои не се будев наутро.

Не знам дали е до пандемијата, не знам дали е до осаменост, којзнае до што е...
Ама го чувствувам тоа што го чувствувам.

Будењето и заспивањето ми се претешки. Самото убедување дека треба да протуркам нов ден ме уморува.

Но, живот е... Мора да се живее, мора да се турка. Сите сме Сизиф и сите си го туркаме сопствениот камен. 

Животот може да биде и магичен и прекрасен. Ама исто така е круг кој постојано се врти. И јас само чекам да се сврти на убавата страна. 

Мора да се сврти.
Сепак, утре е нов ден!