Насилна пресметка се случила вчера попладне на Кванташки пазар во Скопје.
Вчера околу 16.30 часот во СВР Скопје, С.Ј.(33) од Скопје пријавил дека пред влезот на Кванташки пазар, тој и неговиот пријател М.Р. биле физички нападнати од неколку лица, од кои едно од нив со пиштол го удрило по главата. Според пријавеното, лицата го оштетиле и неговото патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, информираа денеска од полицијата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.