Нашите миленици се наше семејство, не ги напуштајте

Денеска се прославува Светскиот ден против напуштање на милениците кој служи за кревање на свеста кај сите сопственици.

- Преку кампањата која ја спроведовме минатата година „Нашите миленици се наше семејство, не ги напуштајте" се приклучуваме кон светскиот апел на овој ден. Секое милениче заслужува многу љубов и дом, а ниту едно не заслужува да биде напуштено, велат од Скопје ЗОО.

Скопје ЗОО апелира до граѓаните да не ги напуштаат нивните миленици.

- Покрај кучињата и мачките како најчести миленици, не ги напуштајте и вашите зајчиња, морски прасиња, желки, папагали, хрчаци, феретки и сите други животни кои се дел од вашиот дом. За нив е преголем стрес и тага ако ги напуштите и оставите во непозната средина.

Пред да се одлучите да чувате миленик во иднина, прво добро размислете, затоа што штом еднаш влезе во вашиот дом, станува дел од семејството.

И не заборавајте, за дечињата е здраво да растат покрај миленик. Ја зголемува љубовта и емпатијата на децата, им го зајакнува имунитетот и секогаш имаат верен пријател покрај себе, соопштија од Скопје ЗОО.