Загадувањето на воздухот е толку тешко што и милениците кашлаат, велат од „Заедно за промена“

Независната општествено вклучена организација за подобрување на квалитетот на воздухот во Македонија „Заедно за промена“ утрово споделија информација за високата загаденост на воздухот. 

Веќе со недели е загадено, а штетата ја чувствуваат и милениците! 

- Загадувањето на воздухот е толку тешко што и нашите миленици кашлаат. Само да имаше маски за домашни миленици, објавија тие во својот фејсбук пост.