Многу чаеви и напитоци кои помагаат за болно грло немаат најдобар вкус, но сепак ги конзумираме бидејќи ни помагаат да се чувствуваме подобро. Но, овој домашен напиток е одличен против болката во грлото, а освен тоа е и многу вкусен.
Потребни состојки:
1 шолја млеко
½ лажичка цимет
½ лажичка ѓумбир во прав
1 лажица мед
Начин на подготовка:
Ставете го млекото во ѓезве или мал сад и стоплете го додека не почне да врие. Додадете ги останатите состојки (циметот, ѓумбирот и медот).
Или пак, ставете ги сите состојки во шолја и стоплете ги во микробранова на 1-2 минути, зависно од микробрановата.
Испијте го топло.