Над 30 уапсени лица на протестот во Белград каде имаше обид за упад во Градското собрание

Повеќе од 30 демонстранти беа уапсени во полициска акција во центарот на Белград, по инцидентите на седмиот протест на кој се бараше поништување на изборите во Србија.

Десетици полицајци и жандармеријата ги истуркаа демонстрантите од центарот на Белград доцна вечерта на 24 декември и се распоредија околу институциите.

Конфликтот меѓу полицијата и дел од демонстрантите започна синоќа кога собраните се обидоа да извршат упад во Градското Собрание и ја скршија влезната врата, а полицијата употреби солзавец.

Вчера беше седма вечер од протестот на опозициската коалиција „Србија против насилството“, која обвинува за изборна кражба на изборите на 17 декември, што власта го негира.