На денешен ден, пред 79 години Скопје било бомбардирано од германската нацистичка авијација. Во нападите загинале повеќе од педесет лица, голем број биле ранети, а градот претрпел големи материјални загуби.
Само неколки месеци подоцна, на 22 август е формиран Првиот скопски партизански одред.
Во текот на војната, од 6 април 1941 до 13 ноември 1944 година, животите ги загубиле 4654 граѓани на Скопје.