На 12 дена пред почетокот на квалификациите од ФИБА Европа купот во Скопје, објавени термините во кои ќе настапуваат Работнички и Феникс

Квалификациите за ФИБА Европа купот почнуваат од 2 до 5 октомври во Скопје, а веќе е познат распоредот и термините за Работнички и Феникс

Македонскиот кошаркарски прволигаш Работнички и Феникс 2010 ги добија противниците за квалификациите за пласман во ФИБА Европа Купот.

Најтрофејниот македонски клуб како што е познато доби шанса да биде организатор на турнирот, а на истиот ќе дојдат Донар Гронинген за кого настапуваше Андреј Магдевски, потоа романски Рапид Букурешт и Сабах од Азербејџан кој е предводен од Боби Митев.

Феникс пак ќе оди на Кипар каде ќе има соочувања со домаќинот Керавнос и Рошток од Гермнија, пласман во групната фаза обезбедуваат само првопласираните екипи.