КФСМ го казни Работнички со 2.000 евра

Кошаркарската федерација на Македонија во најновиот билтен ги објави казните кои што ги добија македонските тимови по првите два натпревари од плеј-офот.

Најлошо помина Работнички кој се на се ќе треба да плати 116.000 денари. Оваа сума е по повеќе основи, а највеќе се казните кон навивачите поради плукање кон официјалните лица, навредливо навивање и фрлање тврди предмети на теренот.

Казнет е и Чаир кој ќе мора да плати 39.600 денари.