Му побарале 500 евра за наводна сообраќајка и заминале – Црногорец измамен во Скопје

52-годишник од Црна Гора бил измамен од две лица кои му побарале 500 евра за наводна сообраќајка по што заминале од местото. 

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 12.30 часот во СВР Скопје, 52-годишник од Црна Гора пријавил дека околу 10.30 часот на паркинг простор во близина на здравствена установа на подрачјето на Карпош бил измамен од две лица.

„Според пријавеното, двете лица му се доближиле и му кажале дека направиле сообраќајна незгода и дека бараат од него да им биде преведувач, бидејќи едниот од нив не знаел албански јазик, по што побарале и да им покаже како изгледаат евра“, информираат од полицијата.

 Како што е пријавено, тие му побарале 500 евра во замена за дијаманти за да може едното лице да му плати на другото, а откако им ги дал парите едно од лицата заминало со изговор дека ќе оди во банка да извади пари, а другото да ги тргне возилата. Исто така, според пријавеното, откако не се вратиле тој сфатил дека е измамен.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.