МРТВ потфрли со организацијата на дебатата на сите претседатели кандидати

Публиката незадоволна од првото и единствено предизборно соочување на сите седуммина кандидати за претседател на државата кое се случи вчера на првиот канал на МРТВ. 

Најмногу реакции имаше за слабата организација на дебатата од страна на телевизиската куќа. 

Еве дел од реакциите: 

- Резиме од дебатата: Јас сум? Не Реплика? Да. Ама не вие Ааа Контра реплика? Може Ок. Контра реплика Кажете на кого Па не знам више на кого Ви истече времето. Ама не ми е јасно.... 

- Смешно беше, но грешката е кај водителот! Требаше класични прашања по области да си има - сите да одговорат, па потоа реплики! Збунката беше - се вади делче од програма на еден кандидат - другите не се прашани, ниту кажале нешто за темата - директ треба да реплицираат. Мислам дека тоа не беше коректно кон кандидатите...