Моќта на позитивното размислување

Кога станува збор за техники кои можеме да ги користиме за подобрување на сопствениот живот, афирмациите се едни од најпознатите техники, кои се користат од се’ поголем број на луѓе во денешно време.

Тие претставуваат позитивни реченици кои се однесуваат на се’ што сакаме да подобриме во животото, преку постојано повторување и свесност за речениците кои се повторуваат. Афирмацијата која носи позитивни емоции и позитивна мисла, е одличен начин да се изборите против вашиот внатрешен критичар, и да се победат негативните мислења кои ги имаме за себе и светот околу нас.

Афирмација може да биде секоја мисла која ќе донесе сигурност и позитивни емоции при нејзино повторување, а се однесува на карактеристики за себе и односите ги градиме. Се користат за работа на одреден конкретен проблем кој се јавува со самите себе, но и некој однос, но може да се афирмира и генерално.

Важно е да се знае дека процесот на афирмирање е еден долготраен процес на кој се работи подолго време, со цел менување на шемата на која нашата потствест е навикната, односно продуцирање негативна слика и негативни емоции за случувањата околу и во нас. При афирмирање е потребен фокус на позитивната изјава, афирмирајки во прво лице, сегашност.

Истражувањата покажуваат врска помеѓу емоциите и нашето здравје, осносно корелација со надворешниот свет, за која афирмативното влијание е големо, доколку постои желба и упорност. Односно, делуваат при лекување на различни физички, психички, хронични болести, за кои се’ уште се истражува начинот на влијание на афирмацијата, при што најмногу се потенцира човечката вибрација при нејзино изговарање.

  • успешно делуваат при справување со лутина, бес, омраза
  •  зголемуваат мотивација и енергија во текот на денот
  • поттикнуваат креативност
  •  лекуваат индиферентност
  •  поттикнуваат интелектуален успех и подобрување на односите
  •  влијаат и при значително подобрување на телесни болести од секаков тип, при што афирмацијата е во тесна корелација со чувството, особено, за да се постигне посакуваниот резултат.

Афирмирањето е во секој случај дел од процесот на ментална детоксификација при кој се отстрануваат блокади кои на огромно ниво не’ спречуваат од тоа да поседуваме здравје, среќа, изобилство, и се’ останато што посакуваме. Кога станува збор за здравственото влијание на голем број на болести, се’ уште се истражуваат начините на кои енергијата и вибрацијата кои ги поседува изговорот на една афирмација помагаат за нивно лечење, за што почнуваат за зборуваат и многу луѓе кои ги применувале.