Мое уморно срце: Извини што те лажев, мислев дека така те штитам

Најдраго срце,

Морам да ти признаам нешто. Ти беше моја водилка во изминативе 28 години, ми помагаше во најтешките предизвици. Но, вечерва, јас и ти ќе се соочиме со многу тежок момент.

Треба да знаеш дека во последно време не бев потполно искрена со тебе. Те лажев, пак и пак и пак... Досега 100 пати те излажав. И изгледа дека без оглед на опсегот на моите лаги, секој од нив ти нанесуваше се повеќе модринки. Се уверував себеси дека болката која ти ја нанесувам не е толку тешка. Може да биде и полошо.

Верував дека со моите лаги всушност јас те штитам.

Тоа е и суштината на лажењето. А всушност не те штитев од ништо. Само те спречував да носиш разумни одлуки. А кога овие одлуки те повредија, тогаш ти ослепе. Не се скрши заради постапкит на другите, туку се скрши заради моите добронамерни престапи.

А ти сепак ми прости и се уште се отворено за секоја нова авантура. Иако соништата се променија, некои љубови завршија, а сеќавањата избледеа, ти ја задржа својата природна љубопитност за тоа како ќе изгледа нашата следна станица. Кога заедно проаѓавме низ ова турбулентно патување, остана нежно и не стана ладно како камен. Веројатно затоа што за разлика од мене, ти цело време знаеше што бараме и што сакаме.

Додека јас барав живот како од бајка, ти ја бараше девојката која и ти и јас ја познававме -  љубезната , паметната, полетната и слатка девојка која се изгуби некаде по пат. Таа девојка знаеше дека ти си нејзиниот компас кој ќе и помогне да ја најде вистинската насока. Таа девојка знаеше дека ако е искрена со тебе, ти ќе и помогнеш да изгради силен и цврст карактер. И додека те слушаше тебе, таа девојка знаеше дека кога ќе дојде време, се ќе си дојде на своето место.

Среќата не се наоѓа во друга личност, вистинската среќа произлегува од здравиот однос со тебе.

Но, најтешко ми е да признаам дека таа изгубена девојка некогаш бев јас.

Се изгубив себеси кога се обидував да ја присилам судбината дека се ќе се случи според мојот план и програма. Се изгубив себеси во моментот кога веќе не можев да ги сместам сите животни варијабли во мојот совршен петгодишен план и тогаш те уверував дека не сме изгубиле. Се обидував да те уверам дека се е тоа нормално и дека сме на правиот пат. Но, тоа нас не не однесе никаде, напротив, тоа само ни донесе тага.

Но, од денес, те молам, води ме, носи ме таму каде што ти сакаш.

Сега знам дека можам да бидам среќна со некого само ако бидам искрена со тебе и ако ја прифатам насоката по која ти ме водиш.

Срце, ти ветувам дека ќе те слушам. Ти ветувам дека отсега, секогаш ќе ти ја кажувам вистината.

Понекогаш можеби и ќе боли, но ти ветувам дека ќе ги излечиме сите рани кои ги претрпевме. И кога ќе ги излечиме, ќе станеме посилни. Ти ветувам, мое срце, дека повторно ќе бидеме среќни.