Ал Пачино: „Лесно е да го залажуваш окото, најтешко е да го залажуваш срцето“!

Ал Пачино е еден од најдобрите актери на сите времиња. Истовремено важи за еден од најскромните и најдобрите луѓе во Холивуд. Неговото животно и актерско искуство е огромно, па затоа денес издвојуваме дел од неговите мисли:

„Лесно е да го залажуваш окото, најтешко е да го залажуваш срцето.“

„Никогаш немој да се оправдуваш и објаснуваш. Сите ќе си разберат како што им одговара на нив.“

„Верноста и добриот глас не можат да се купат за ниту едни пари на овој свет.“

„Раните кои блиските луѓе ги оставаат не може да ги излечи никој.Тие знаеле каде да удрат.“

„Како дете, му се молев на Бога да добијам велосипед. Тогаш сфатив дека Бог поинаку функционира. Украдов велосипед и почнав да се молам да ми ги прости гревовите.“

„Јас секогаш  ја кажувам вистината. Дури и кога лажам.“

„Прво правило е: Никогаш не се откажувај. Второ правило: Секогаш помни го првото правило.“

„Како што човекот станува постар и помудар, сѐ помалку има желба да се расправа за неважни работи. Едноставно има желба да стане, да посака сѐ најдобро и да си отиде.“

„Не брзајте да зборувате за себе во друштво, приказната за вас следи дури откако ќе излезете.“

„Гордоста и арогантноста се слуги на ѓаволот. Ако не можете да ги контролирате, ќе почнат да ве контролираат вас.“