Млади Германци уапсени синоќа во Аеродром, биле агресивни кон полицајци

Полицијата доцна синоќа уапси лица лица од Германија кои агресивно се однесувале кон полицајци. 

- На 13.03.2023 во 22.15 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги привеле К.Џ.Ф.С.(18), Т.А.Л.(20) и М.М.А.(19), сите од Сојузна Република Германија, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија, соопшти полицијата во дневниот билтен. 

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.