Маж почина во двор од куќа во скопско Драчево

Завчера во 17.20 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош било пријавено дека во двор од куќа на подрачје на Драчево починал 38-годишниот М.Ж. од Скопје, извести МВР.

Лекар констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.