Маж на возраст од 83 години пријавил дека бил нападнат од 23 годишно момче

Осумдесет и тригодишник пријавил дека во дворот од семејната куќа физички бил нападнат од 23 годишно лице во Криволак, информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Настанот, според СВР Велес се случил околу 17.20 часот.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.