Мартин го фати крстот во Маркова Река - Муцунски со честитка за Водици

Градоначалникот на општина Аеродром Тимчо Муцунски утрово присуствуваше на положување на чесниот крст во водите на Маркова Река.

- Традиција во духот на христијанството со која Македонската православна црква, со поддршка на Општина Аеродром го одбележува големиот христијански празник Богојавление – Водици. Ритуалот го симболизира влегувањето на Христос во реката Јордан. Честитки до Мартин кој оваа година успеа да го фати крстот, на сите учесници во денешниот настан, но и на сите православни верници. Нека е честит празникот Богојавление – Водици!  - порача Муцунски во објава на својот фејсбук профил.