Малолетничка нападната на автобуска постојка во Аеродром

Завчера попладне во 15.10 часот во СВР Скопје, 43-годишниот О.Т. од Скопје пријавил дека околу 14.00 часот на автобуска постојка на подрачјето на општина Аеродром неговата малолетна ќерка била физички нападната од А.Д. (женско лице) од Скопје, извести МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.