Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа назадуваше дури 31 место на најновата ВТА листа.

Ѓорческа немаше успешен настап на Вимблдон, откако беше елиминирана уште во првото квалификациско коло и сега има 254 поени, доволни за 212 место на листата.

Во машка конкуренција, назадуваше и нашиот најдобар тенисер Томислав Јотовски. Иако триумфираше на ИТФ турнирот во Грузија, Томи падна за осум места на АТП листата и сега е на 777 позиција во светот. На врвот во машка конкуренција, Едни Мареј е прв, пред Рафаел Надал, додека освојувачот на Вимблдон, Роже Федерер е на третото место, пред Новак Ѓоковиќ.