Македонската тенисерка Лина Ѓорческа назадуваше дури 31 место на најновата ВТА листа

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа назадуваше дури 31 место на најновата ВТА листа.

Ѓорческа немаше успешен настап на Вимблдон, откако беше елиминирана уште во првото квалификациско коло и сега има 254 поени, доволни за 212 место на листата.

Во машка конкуренција, назадуваше и нашиот најдобар тенисер Томислав Јотовски. Иако триумфираше на ИТФ турнирот во Грузија, Томи падна за осум места на АТП листата и сега е на 777 позиција во светот. На врвот во машка конкуренција, Едни Мареј е прв, пред Рафаел Надал, додека освојувачот на Вимблдон, Роже Федерер е на третото место, пред Новак Ѓоковиќ.