Креативни елкички за празничните денови

Наскоро ни доаѓаат празничните денови, а децата се оние кои највеќе се радуваат.

Со само неколку состојки можете да подготвите креативен десерт во кој ќе ужива целото семејство.

Потребни состојки:

15 оризови плочки (исечени на триаголници)

шарени бонбони (Бони Топ или М&M)

15 новогодишни  ментол лижавчиња (candy canes)

1 бело чоколадо

црвена и зелена боја за декорација

Исечете ги оризовите плочки на триаголници и поставете ги на мазна површина. Потоа прошарајте со малку стопено бело чоколадо. Прошарајте со бои и украсни бонбони. На крајот додадете ги новогодишните ментол лижавчиња, како на фотографијата. 

Уживајте во магијата на празниците!