Ковид-протоколите се мисловна именка на кампањските собири?

Од вчера официјално започна предизборната кампања за локалните избори на 17.октомври, а тоа подразбира средби на политичарите со граѓаните. Колку и како масовните собири ќе се одразат на ситуацијата со ковид-пандемијата?

Иако надлежните уверуваат дека кампњата ќе се одвива согласно протоколите па затоа нема простор за паника, граѓаните реагираат дека уште првиот ден се доби впечаток дека основните протоколи не важат за политичарите во кампања.

-Маска, дистанца, негрупирање на голем број луѓе..., ова не го видовме на првиот вечер од компањата. Од споделените објави по социјалните мрежи може да се забележи дека дистанцата и воопшто протоколите се мисловна именка на кампањските собири, вели една граѓанка која е револтирана што на обичните граѓани им се ускратуваат некои права.

Офцијалните средби на кандидатите и советниците, од една страна и граѓаните од друга страна, се одвиваат на отворено. Сепак, дел од луѓето реагираат дека народот е бувално наплашен од брзината и интенизтетот на ширењето на корона вирусот, а од друга страна кампањата има слобода за собири и се што подразбираат тие. 

-Предизборните средби со граѓани гледам дека се одржуваат по протокол - ќора маска не видов по сликите од синоќа што ми излегоа пред очи на неколку портали, а богами ниту се држи дистанца. Ама затоа рестрикции за невакцинирани за молови, кафетерии и ресторани се тераат, пишува друг граѓанин.