Ковачевски: Велеа ќе пропадне економијата, а видете сега колкава е минималната и просечната плата

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во гостувањето во емисијата на „Слободен печат“ вели дека бизнис секторот може да издржи плати од 1000 евра. Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ на почетокот биле против и сметале дека ќе пропадне економијата но тоа се покажало дека е точно.

„Бизнис секторот може да ја издржи просечната плата од 1000 евра. Денес во приватниот сектор, минималната плата е над нивото на законски определената. Ако ги погледнете огласите за работници, платите веќе се на повисоко ниво од 22.500 денари. Во времето кога јас со мојот тим работев на воведување на методологија на минималната плата, економистите на ВМРО-ДПМНЕ беа против и сметаа дека ќе пропаднела економијата. Се покажа дека не биле во право, вели екс-премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски

За мерката гарантирана цена која беше укината на почетокот на месецов, Ковачевски вели дека кога ги анализирате цените, мора да го земете целиот ланец во обзир.

„Инфлацијата ја намаливме на 3% кое што е историски најниско ниво од времето на пандемијата. Јас лично работев на Законот за спречување на нефер трговски практики. Со него се овозможува, секој да има фер дел во маржите на продажбата. Се случуваше несовесни трговци да го пренесуваат целиот притисок од ограничените цени на производителите. Законот ќе донесе ред во маржите. Точно ги дефинира активностите и мерките кои не можат да се прават во малопродажбата. ДПИ одлично ја изврши својата работа. Нема да дозволиме на грбот на граѓаните, некој да прави нефер профити. Ова во иднина ќе обезбеди стабилност во формирањето на цените во државата“, рече претседателот на СДСМ