Ковачевски со одговор до Бектеши: „Ако еден фудбалски тим загуби, не значи дека треба да се откаже од фудбал“,

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски вели дека кандидатите за пратеници ќе бидат познати веднаш по Конгресот што треба да се одржи кон крајот на месецов.

„Носители ќе бидат искусни партиски кадри и членови, коишто и во минатото извршувале високи позиции во партијата и во државата. Сметам дека тоа ќе се однесува и на кандидатите за пратеници во сите изборни единици, но не би сакал сега да шпекулирам пред да се носат одлуките на Централниот и Извршниот одбор, рече Ковачевски.

Околу коментарот на Крешник Бектеши дека тој што ќе ги изгуби изборите треба да се повлече од политиката, Ковачевски одговори со фудбалски жаргон.

„Јас сум во СДСМ од 1994, и од тогаш СДСМ победувал на избори и имал помалку успешни резултати. Ако фудбалски тим изгуби натпревар, тогаш треба сите тие фудбалери и тренери никогаш веќе да не се занимаваат со фудбал. Политичарите се занимаваат со политика, тие нудат решенија, граѓаните проценуваат што е во нивни интерес, поддржуваат една или друга политичка партија, често пати и независни кандидати“, одговори Ковачевски