Контроверзна фотографија предизвика реакции на интернет: Не може да оди ама на црвено на пешачки лета

На социјалните мрежи се појави фотографија на која се гледа возрасно лице како поминува на пешачки, на на црвен семафор на пешаците. Фотографијата е објавена со наслов „Не може да оди ама на црвено на пешачки лета.После младите биле без култура“ и истата предизвика бурни реакции кој членовите на групата „Ѕид на сообраќен срам“.

Дел од нив сметаа дека ваквите учесници ја загрозуваат безбедност на сообраќајот и се причина за сообраќајни незгоди во кои најчесто возачите излегуваат виновни, а дел сметаат дека за повозрасни лица треба да има исклучок, бидејќи тие се изнемоштени и не се во состојба да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. 

Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата е јасен и не прави исклучок врз основа на возраста на учесникот во сообраќајот.