„Комити“ решија да го кренат гласот, в недела најавија собир пред „Град Скопје“

Вардаровите навивачи „Комити“ в недела пред гостувањето кај Брегалница во Штип ќе имаат собир пред просториите на Град Скопје.

Причината за ваквата одлука на „Комити“ е симболичен протест поради не спроведувањето на веќе изгласната одлука за помош од 15 милиони денари за ФК Вардар.

- Во недела, собирот пред гостувањето во Штип, ќе започне пред просториите на Град Скопје. НЕКА СЕ ЗАПРАШААТ ЗОШТО! За ова гостување нема да има организиран превоз, одиме во сопствена режија! Организирај се и дојди во Штип – игра Вардар! Собирот започнува во 12.00, а поаѓањето во 13.00 часот.