Која е суштината на постот? – Помодарство или пак вистинска вера

Не тре­ба да се по­сти за­ра­ди ди­е­та, за да се олес­нам, да ми би­де уба­во... По­стот мо­ра да би­де ду­хо­вен тре­нинг или ду­хо­вен под­виг. Не тре­ба тоа да би­де са­мо ли­шу­ва­ње од не­ка­ков вид хра­на, ту­ку мо­ра да би­де при­дру­жен и од ду­хо­вен пост. Тре­ба да се мо­ли­ме, да оди­ме на бо­гос­луж­ба...

Во тек е  бо­жик­ни­от пост. Тој му прет­хо­ди на праз­ни­кот Рож­дес­тво Хри­сто­во, трае око­лу 40 де­на и се на­ре­ку­ва и Фи­ли­пов пост би­деј­ќи поч­ну­ва по 27 но­ем­ври – де­нот на спо­ме­нот на апо­стол Филип.

Од Скоп­ска­та епар­хи­ја ве­лат де­ка не са­мо во­зрас­ни­те, ту­ку сѐ по­че­сто и пом­ла­ди­те се прик­лу­чу­ва­ат кон по­сти­те пред го­ле­ми­те хри­сти­јан­ски праз­ни­ци.

Тен­ден­ци­ја­та на по­сте­ње ме­ѓу мла­ди­те се зго­ле­му­ва се­ко­ја го­ди­на. Глав­но се фо­ку­си­ра­ни на бо­жик­ни­те и на ве­лиг­ден­ски­те по­сти. Не­кои по­стат са­мо пр­ва­та и пос­лед­на­та не­де­ла, не­кои це­ли­от пост, но за­ви­си од бла­гос­ло­вот што ќе го зе­мат и мож­но­сти­те што ги има­ат. Се­пак, нај­до­бро е да го ис­по­стат це­ли­от пост – ве­лат свештените лица.

По­стот не смее да би­де ди­е­та и да се по­сти за­ра­ди ди­е­та или за­ра­ди одре­де­но те­лес­но здрав­је.

По­стот не мо­же да го поч­не кој ка­ко са­ка и ко­га са­ка. Пост се поч­ну­ва со бла­гос­лов од све­ште­ник.

– За по­че­ток на по­стот ни е по­тре­бен бла­гос­лов од ду­хо­вен отец или, во пре­вод, ма­ти­чен ле­кар за ду­ша­та. Ќе си по­ба­ра­ме бла­гос­лов за по­стот и на кој начин да по­сти­ме. Не мо­же­ме са­ми да си одре­ду­ва­ме ка­ко ќе по­сти­ме за­тоа што цр­ква­та про­пи­шу­ва на­чин ка­ко се по­сти по­стот. Обич­но бо­жик­ни­от и пе­тров­ден­ски­от пост се по­стат исто, а ве­лиг­ден­ски­от и бо­го­ро­дич­ни­от се по­стат исто. Тие има­ат раз­лич­ни на­чи­ни ка­ко се по­сти. До­кол­ку не мо­же­ме да се при­др­жу­ва­ме до тоа пра­ви­ло, или по­сте­ње по пра­ви­ло, си ба­ра­ме бла­гос­лов од све­ште­ник, кој ќе ни бла­гос­ло­ви ка­ко мо­же да по­сти­ме во сог­лас­ност со на­ша­та пси­хо­фи­зич­ка со­стој­ба, објаснуваа свештениците.

Бре­ме­ни­те же­ни, во за­вис­ност од си­ли­те што ги има­ат, ре­ша­ва­ат да­ли ќе по­стат или не. Во слу­чај да не мо­же да по­стат, мо­же да има раз­ре­шу­ва­ње од пост. До­кол­ку сакаат да по­стат, мо­же да по­ба­ра­ат спе­ци­фи­чен бла­гос­лов за по­стот. Исто­то се од­не­сува и на фи­зич­ки­те ра­бот­ни­ци, лу­ѓе­то во руд­ни­ци­те, гра­деж­ни­ци­те. Тие не мо­жат строго да по­стат, но одат, ба­ра­ат бла­гос­лов, ја ка­жу­ва­ат сво­ја­та со­стој­ба, што ра­бо­тат, или бо­ле­ду­ва­ат од не­што, по што со бла­гос­лов мо­же да кон­су­ми­ра­ат и мле­ко за вре­ме на по­стот. Но тоа не мо­же­ме са­ми да си го доз­во­ли­ме.

Во вре­ме­то на по­стот се из­бег­ну­ва­ат ме­со­то, пу­те­рот, мле­ко­то, јај­ца­та, си­ре­ње­то. Во сре­да и во пе­ток во бо­жик­ни­от пост не се ја­де ри­ба, ви­но и мас­ло и доз­во­ле­но е са­мо при­ма­ње хра­на без мас­ло. Во дру­ги­те де­но­ви – по­не­дел­ник, втор­ник, че­твр­ток, са­бо­та и не­де­ла раз­ре­ше­на е хра­на со рас­ти­тел­но мас­ло. Ри­ба­та за вре­ме на бо­жик­ни­от пост се ја­де во са­бот­ни­те и во не­дел­ни­те де­но­ви, ка­ко и на го­ле­ми­те праз­ни­ци.