Коцевски со реакција: немам ниту донесено ниту потпишано било какво решение за отстранување на Крстот на Попова Шапка

Секретарот на Општина Тетово, Дарко Коцевски преку социјалната мрежа Фејсбук се огласи во врска со написите и шпекулациите кои се појавија за него каде го поврзуваат дека тој го потпишал решението за уривање на крстот на Попова Шапка.

Тој како што вели дека како секретар на општината ниту има овластување ниту ингеренции да потпише нешто такво туку тоа го прават инспектори кои се самостојни во нивно одлучување

- “Сакам да потенцирам дека како секретар на Општина Тетово, немам ниту донесено ниту потпишано било какво решение за отстранување на Крстот во дворот на Манастирот на Попова Шапка. Воедно сакам да разјаснам, дека јас како секретар на општината ниту имам овластувања ниту ингеренции да донесам такви управни акти согласно Законот за инспекциски надзор, туку овластените градежни инспектори се самостојни во своето постапување. Загрижувачки е претставници на СДСМ кои се носители на високи јавни функции и кои согласно својот професионален ангажман биле директно вклучени во законскиот надзор на спроведување на законите, да шират небулози вели Коцевски

Тој притоа прашува според кои законски акти Секретарот на која било Општина носи решенија за уривање или пак, управни акти за понишување на такви решенија? и додава според кој Закон за кои можеби тој не е свесен, политичките партии носат решенија за уривање или пак истите ги укинуваат, а за сите оние кои шират лаги и дезинформации за него Коцевски најави правни постапки пред надлежните судови.