Ако некој го урне крстот на Попова Шапка, ќе страдаат невини луѓе, знаете ли какво закрвување ќе настане, реагира Ангелов

Стојанче Ангелов, претседател на „Достоинство“ вчера гостуваше во „Лазаров поткаст“, каде искоментира и за поставениот крст на Попова Шапка . Ток додаде дека крстот нпоставен таму треба да биде како оној во Аеродром. Смета дека истиот не е грандиозен, па посочи дека безобразно е градоначалникот Билал Касами да дава изјави во контекст на уривање, а во општината да има куп нелегални објекти.

„Ова што го прават одредени албански структури, не албанскиот народ оти многу им е гајле дали има крст на Шар планина, да не беа ДУИ кои ја нападнаа БЕСА дека имаат договор со ВМРО-ДПМНЕ – се ќе поминеше незабележливо. Крстот е убав, христијански симбол, но, не е грандиозен. Таму треба да има крст како оној во Аеродром, како крстот кај кулите. Се работи за крст на црковно земјиште, кој никому не му смета. Спроти крстот има џамија на четири ката, а има и подрум со минаре поголемо над 20 метри. Ако го споредиме крстот, со противправно изградената џамија (бидејќи е без дозвола), крстот е многу мал“, кажа Стојанче Ангелов.

Тој кажа дека одејќи на Шар Планина видел куп грандиозни објекти, додавајќи дека се сомнева оти истите имаат дозвола за нивна изградба оти се сред планина, па не сфаќа зошто токму за крстот се крева толкава прашина. Тој додаде дека ќе се направи многу поголем проблем доколку се остварат најавите на градоначалникот и овој крст се отстрани, па стравува дека може да падне и крв.

„Вие на куп нелегани објекти, се фаќате за крстот. Замислете некој да отиде да го сруши, на крај ќе страдаат невини луѓе, знаете ли какво закрвување ќе настане“, додава Ангелов.