Казнети 149 пешаци, од нив 134 претрчувале улица

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 08.00 до 13.00 часот МВР спроведе сообраќајна контрола на територијата на Македонија каде главен фокус биле прекршоците што ги прават пешаците.

При контролата, санкционирани се 149 пешаци од кои, 134 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин. За време на контролата санкционирани се и 106 други видови на сообраќајни прекршоци.

Сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи се вели во соопштението на МВР. Од таму додаваат пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано.