МВР: Само во Скопје се напишани 181 казна, од нив 26 за пешаци

Во текот на вчерашниот ден само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 181 казна на возачи и пешаци, меѓу кои 33 санкции за непочитување на брзината на движење, осум мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за поминување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за користење на мобилен телефон при возење, и 26 мерки за прекршоци што ги имаат направено пешаци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најавува МВР и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила.